Промовирани нови 30 дела од „Ѕвезди на светската книжевност“

Денес беа промовирани нови 30 дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ во Порта Македонија …

dzvezdi na svetskata knizevnost okt 2014 1

Нови 30 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денес, со што бројот на преведени и испечатени книги се искачи на 360 од вкупно 560 книги од избрани писатели од светската книжевност. Уште 50 наслови, како што нагласи Груевски, ќе бидат промовирани до крајот на годинава, а останатите ќе бидат промовирани во текот на идната година, со што ќе се заокружи овој проект.

– Во новите 30 наслови кои денеска ги промовираме се застапени стиховите на старите јапонски поети, приказната за осаменоста на човекот на Шикибу преточена во Приказната за Генџи. Тука се и запишаните мисли за животот, човекот, мудроста, во Платоновите избрани дијалози. На секој читател од денеска ќе му биде поблиска борбата со природата преку Моби Дик, „лажните ликови“ во Планетариумот на Натали Сарот, праведноста на Стендал во Црвено и црно, расказите на Музил, Човековата судбина на Шолохов, расказите на Лу Син и Есеите на Борхес, исмејувањето на хипокризијата на Бомарше во Женидбата на Фигаро …, изјави Груевски.

dzvezdi na svetskata knizevnost okt 2014 3

– Покрај јапонските поети, рускиот великан Толстој и Херман Мелвил со делото Моби Дик денес пред нас имаме и плеада на други автори чии дела се дел од најблескавите моменти на човековиот ум и творештво. Меѓу нив се Платон, Пјер, Карл Јунг, Вилијам Голдинг и многу други. Застапени се широк спектар на автори од различни позадини, култури и времиња, секој од нив ни црта уникатна слика за светот и со тоа ни го збогатува и нашиот свет и претставата за наштата за кои се обраќа писателот преку својата книга, истакна Груевски. Тој додаде дека благодарение на овие нови 360 наслови од светската книжевност Македонија добива значаен фонд на книги.

– Во новите 30 наслови кои денеска ги промовираме се застапени стиховите на старите јапонски поети, приказната за осаменоста на човекот на Шикибу преточена во Приказната за Генџи. Тука се и запишаните мисли за животот, човекот, мудроста, во Платоновите избрани дијалози. На секој читател од денеска ќе му биде поблиска борбата со природата преку Моби Дик, „лажните ликови“ во Планетариумот на Натали Сарот, праведноста на Стендал во Црвено и црно, расказите на Музил, Човековата судбина на Шолохов, расказите на Лу Син и Есеите на Борхес, исмејувањето на хипокризијата на Бомарше во Женидбата на Фигаро. Ова се само дел од најновите преведени наслови кои ќе и овозможат на нашата читателска јавност разговор со најголемите умови на изминатите столетија, нагласи министерката за култура, Канческа-Милевска.

dzvezdi na svetskata knizevnost okt 2014 2

Таа додаде дека Владата и Министерството за култура и во иднина безрезервно ќе ги поддржуваат сите проекти кои се во насока на подигање на свеста за важноста на јазикот како базичен фактор на националниот идентитет, промоција на македонското творештво во меѓународни рамки и проектите кои се во функција на вградување на наследеното светско книжевно нагледство во едукацијата на сите генерации.

Претседателот на редакцијата на оваа едиција академик Митко Маџунков истакна дека покрај ваквите групни промоции, заслужуваат и посебни книжевни промоции. Македонија, треба да заличи од овие книги и тие треба да се најдат на видни места во институциите, не само библиотеките, туку и во излозите на книжарниците, на факултетите, во театрите, како и во домовите за култура, изјави академик Маџунков.

You May Also Like