Проект на Новаци и Аридеја „Жива историја, жива природа“

Заеднички проект на општини од Македонија и Грција, општините Новаци и Аридеја „Жива историја, жива природа“ …

opstina novaciМакедонската општина Новаци и грчката општина Аридеја реализираа и промовираа заеднички проектот финансиран од фондовите на Европската унија – „Жива историја, жива природа“. Во рамките на проектот, уметници од Македонија и од Грција учествуваа на ликовна колонија која минатиот месец почна во Новаци, а синоќа заврши во Аридеја.

– Станува збор за едно месечна ликовна колонија во чии рамки македонски и грчки уметници твореа во двете држави по 15 дена, а потоа нивната работа беше претставена на изложба. Се создадоа прекрасни творби во двете места, но најголема придобивка е меѓусебното дружење и одличната соработка поставена на добри основи, истакна градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

За време на престојот во Аридеја, Котевски се запозна и со новоизбраниот градоначалник на Алпомиа Димитриос Бинос чија општина исто така негува погранична соработка со општината Новаци, потврдија од локалната самоуправа.

You May Also Like