Продолжуваат археолошките истражувања на Трештена Стена во Мариово

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Трештена Стена во близина на мариовското село Чаниште, Прилепско …

Trestena stenaСо финансиска поддршка од Министерството за култура, стручни лица од НУ Завод и музеј – Прилеп, во рамките на програмата за заштита на културното наследство, и оваа година ги продолжија истражувањата на енеолитската населба на локалитетот Трештена Стена во близина на мариовското село Чаниште, Прилепско. Овие истражувања уште еднаш ги потврдија очекувањата дека животот во населбата се одвивал во континуитет така што врз една разурната населба се градела друга.

Trestena stena 1

При ископувањата се пронајдени голем број фрагменти од култни масички-жртвеници, антропоморфна пластика во фрагментирана состојба и фрагменти кои укажуваат дека фигурините биле во стоечка, седечка или полуседечка состојба.

Трештена Стена се истражува од 2001 година и претставува значаен локалитет затоа што е единствениот во Македонија во кој има уникатен начин на врежување на предметите, односно брaздестo врежување со шилесто орудие. Досега е утврдено дека локалитетот датира од времето на доцниот енеолит, односно од бакарното време.

You May Also Like