Од 6 до 11 јули во Охрид ќе се одржи 53-то издание на Балкански фестивал на народни песни и игри,еден од најстарите европски фолклорни фестивали член на ИОВ.
Фестивалот е финансиран од министсерство за култура а е под покровителство на Собранието на Република Македонија.
Фестивалот го организира Центарот за култура “Григор Прличев”- Охрид, а е од интернационален карактер, отворен за целиот свет.
Ансамблите ја презентираат културата на земјата од која доаѓаат специфичниот фолклор музика инструменти носии сето тоа адаптирано преку разновидни кореографии.
Влезот на фестивалските вечери е слободен а фестивалот се одвива на отворено на сцената “Долни Сарај” или во НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид доколку временските услови се нестабилни.
На отворањето на 6 јули ќе настапи Ансамбл на народни песни и игри на Македонија “Танец” и Неврокопски ансамбл од “Гоце Делчев”- Бугарија.