Третата по ред Манифестација „Појадок на мост 2012“ ќе се одржи утре, (недела, 23 септември, 2012 година) на Камениот мост во Скопје, од 09:00 до 11:00 часот.
Организатор и на годинешната Манифестација е Градот Скопје, Секторот за Локален економски развој на Град Скопје и Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.
На Камениот мост заедно со пријавените 2000 граѓани ќе појадува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Камениот мост ќе биде затворен за пешаци од сабота (22 септември) во 19:00 часот до 15:00 часот на денот на одржување на Манифестацијата, недела (23 септември, 2012 година).
