Претставата „Разговор“ беше прикажувана на бројни фестивали низ Европа и светот, и ја освои публиката и критиката.
Денеска (понеделник, 27 Октомври 2014), во рамките на седмото издание на фестивалот Локомоушн #7на програмата ќе може да се проследи предавање за изведувачките уметности како и претстават „Разговор“.
Во 18:30 предавање насловено како Изведувачки уметности и фикциска структура на законот. Предавач Алдо Милохиќ кој е асистент професор по историја на театар на Универзитетот во Љубљана, Академија за театар, радио, филм и телевизија.
Тој е главен и одговорен уредник на серијалот книги Политике и уредник на бројни антологии на текстови, специјални изданија на културни списанија и автор на книгата „Теорија на современиот театар и перформанс“ (2009).
Во 20:00 претставата: РАЗГОВОР на Алма Судерман и Јолика Содерберг (Германија/Шведска)
Photo credit: Oilver Paul
Оваа претстава беше прикажувана на бројни фестивали низ Европа и светот, и ја освои публиката и критиката.
Stephanie Torloxten, Rheinische Post, 28.02.2011:Импресивно е како точно тие ги набљудувале луѓето како зборуваат и како успеале тоа да го вклопат во нивната игра. Еднаш, на пример го употребуваат звукот Мхм- но разговорот е јасен. Или, другпат, прават рап песна со слогови. Се’ е игриво, симпатично и професионално.
Heike Marx, Rheinpfalz15.02.2011 : Ритамот и песната се исполнети со уметничка перфекција
Концепт, кореографија и изведба: Јолика Судерман Алма Содерберг // Уметнички советници: Игор Добричич, Мартин Нагбар // Дизајн на светло: Ерик Грамберг, Тило Шварц // Менаџер на продукција: Стефани Лун // Продукција: Хетвен Театар Амстердам // Копродуценти: Цајтраумегзит Манхајм, ФФТ Дизелдорф со поодршка на Танцфабрик Берлин.
Ја споделуваме фасцинацијата за говорниот јазик. Го проучувавме начинот на кој разговараме едни со други, прво ги снимавме нашите разговори, а потоа ги учевме од срце. Преку зумирање на говорот на телото, интонацијата, звукот на колебањето, ритамот и паузите во говорот, откривме аморфни механизми кои се чинат дека комуницираат повеќа од основната содржина на нашата конверзација. Формата и содржината беа константно инвертни. На крајот се навративме на речникот трипувајќи на зборови како љубов, игра, работа, трик. Како што го повторувавме зборот Љубов повторно и повторно, тој го напушти личниот наратив и стана состојба во која може секој да влезе. Во смисла на содржината, тие зборови постанаа работна рамка. Упоребувајќи го овој метод завршивме со ритми, песни, танцување и тишина. Говорниот јазик ги содржи сите и ние само треба да обрнеме внимание на тоа што е веќе таму. Нашата опсесија за зборување го донесува концептот на зборовите и гестовите кои почнуваат да ја раскажуваат приказната на нашиот разговор на ниво на музика и танц.
Јолика Садерман (ГЕР), работи како слободен уметник во полето на тетатарот, а има стекнато образование во областа на танцот и наука за животната средина. Таа студиралав танц театар во Хамбург и дпломирала на отсекот за мимика на Училиштето за уметност во Амстердам во 2010. Јолика живее во Берлин и работи како резидентен уметник во Het Veem Theater Во Амстердам, каде што го создава успешниот дует „Разговор“, патување во музикалноста на говорниот јазик, во соработка со шведската кореографка Алма Содерберг. „Разговор“ ја имаше својата премиера во февруари 2011 година и оттогаш се изведе повеќе од 50 пати на различни локации низ Европа. Добитник е на наградата од публиката за извонредна изведба на StuttgarterTheaterpreis во 2013 година. Нејзиниот квинтет ПУЛС беше селектиран за танцовата мрежа Aerowaves и имаше турнеја низ Европа во 2011/2012 година. Нејзиното последно дело со наслов „Infanten“ ја имаше својата премиера во ноември 2013 година. Покрај нејзината творечка работа, таа предава на Tanzfabrik Berlin, и е ангажирана во заедницата за танцови и театарски проекти за адолесценти и азиланти.
Алма Содерберг (Шведска) работи како кореограф, изведувач и музички изведувач откако изучувала фламенко, современ танц и кореографија. Дипломирала на SNDO, одделот за кореографија на Академијата за уметност во Амстердам во 2010. Алма Содерберг создава перформанси каде што звукот, движењето и говорот имаат еднакво значење и во нејзината еклектична пракса таа постојано открива колку се поврзани овие три начини на експресија. Таа има три соло изведби: Entertainment, Cosas и TRAVAIL, и е во постојана соработка со Јолика Зедерман со која го создаде „Разговор“ и настапува во претставата со групата John The Houseband.
Нејзиното најново дело „Idioter“ (соработка со визуелниот уметник и театарски творец HendrikWillekens) имаше премиера во мај 2014 во рамките на Kunstenfestivaldesarts во Брисел.
Претставата на Локомоушн е поддржана од Институтот Гете Скопје