Прес-конференција за Саемот на книгата

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (8.4.2013 година) во 11:00 часот во управната зграда на Скопски саем  (Дипломатик сала) ќе се обрати на прес-конференцијата по повод  започнувањето на 25-от Меѓународен саем на книгата кој од 9 до 15 април ќе се одржи во Метрополис арената.

Во рамките на саемот, на изложбениот штанд на  Министерството за култура и НУ НУБ „Свети Климент Охридски“ секојдневно ќе се одржуваат презентации на капиталните проекти на Министерството за култура од областа на издаваштвото.
Министерството за култура го поддржува „Саемот на книгата-2013“преку акцијата „Подари книга, подари богатство“.

You May Also Like