Премиера на „Ice Age 4“ во кино Милениум

По светските премиери на Одмаздници, Луѓе во црно 3 и Прометеј од овој петок (6 јули) на репертоарот на Кино Милениум од 20 часот, најочекуваната анимирана авантура за 2012, светскиот мега хит, спектакуларниот ЛЕДЕНО ДОБА 4 (ICE AGE 4: Continental Drift) во 3Д.


Омилената филмска тројка – Мени, Сид и Диего се впушта во најголемата авантура досега, откако катаклизма предизвикува раздвојување на континетот. Пловејќи на леден брег, одвоени од остатокот од стадото, тројцата се обидуваат преку морето да се вратат дома. Предизвиците со кои се соочуваат никогаш не биле поголеми – морски суштества, непознат нов свет, пирати. Скрет, кој и понатаму го брка својот желад, овој пат го очекуваат авантури кои никогаш не ги доживеала ниедна праисториска верверица.

Режијата е на Стив Мартино и Мајк Тармајер, сценариото на Мајкл Берг и Џејсон Фукс. Четвртото продолжение на анимираната комедија трае 94 минути.
Премиерата на Ice Age 4 во Македонија е 7 дена порано пред официјалната премиера во Велика Британија и САД.

Проекциите во Кино Милениум се од 20:00 и 22:30.

Сабота и  недела проекции од 12:00, 15:00 , 20:00 и 22:30

 

You May Also Like