„Меѓу стварноста и фантазијата“ на Јана Христовска во Галерија 8

Утре (петок, 6 јули) во 21:00 часот во Кафе Галерија 8 во Старата чаршија ќе биде промовирана збриката кратки раскази „Меѓу стварноста и фантазијата“ на Јана Христовска.

Јана Христовска е родена во 1963 година во Белград. Дипломира на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за англиски јазик и книжевнсот и важи за една од поактивните поетеси во Република Македонија.

Христовска досега има објавено пет стихозбирки, а наградите што ги има освоено и успесите што ги има постигнато говорат за нејзината големина. Добитник е на „Семејна палета“ при МРТВ, а нејзините песни се објавени и во списанијата „Разгледи“ и „Портал“.

You May Also Like