Синоќа (понеделник, 29 април) во „Ла Централ“ – една од најголемите книжарници во Мадрид беше промовирана книгата „Изреченото нè прогонува“ од македонскиот поет Никола Маџиров.На промоцијата присуствуваше и самиот автор.
Книгата двојазично, на македонски и шпански јазик е во превод на Јоланда Кастањо и Марија Петровска, а ја објави една од најголемите издавачки куќи во Шпанија „Пре-Текстос“ со седишта во Мадрид, Буенос Аирес и Валенсија.
Шпанската промоција на делото на Маџиров ќе трае до 16 мај и ќе бидат опфатени уште и градовите Ла Коруња, Сантиаго де Компостела,. Виго, Алариз, Гранада, Билбао и Барселона.