Премиера на „Сон на летната ноќ“ во Прилеп

“Сон на летната ноќ” од В. Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ е новата претстава на театарот “Војдан Чернодрински” од Прилеп.

son_na_letnata_noc_prilepski_teatar

Премиерата е закажана за денеска (четврток, 2 октомври 2014) во 19.30 часот.

– Го отворам делото од психолошки аспект и го истражувам дуализмот на човековата природа или метаморфозата на човечката состојба. Пробав да ги подвлечам двата контраста – разумот што е одлика на кралството во претставата и чувставата што се одлика на шумата. Сакав во кралството да го истакнам моралот кој е лажен, а во шумата сакав да излезат вистинските страсти и она што е либерализам и слобода на говор и мислење. Водена од новиот германски театар востановив знаковен систем на режија, кој се прекршува со реалистичното толкување со математички мизансцен и со актерски креации – вели режисерката Нела Витошевиќ.

– Со ансамблот кој созреал во меѓувреме и со Нела направивме добра претстава, едно ново читање на Шекспир – вели актерот Игор Ангелов.

Освен Игор Ангелов, во претставата играат и Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С.Илијеска, Катерина Чакмакоска, Зоран Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски.
Автор на сценографијата е Костатин Трпеновски, музиката е на Огнен Анастасоски, костимите на Розе Трајческа. На гитара настапува Димитар Ѓорѓиевски.

You May Also Like