Добро познатите стенд-ап комичари Марјан Георгиевски и Никола Тодороски, во вторник на 27-ми декември ќе настапат пред охридската публика во кафе барот „Ликвид“ во Охрид.
Комичарите ни препорачуваат дека не смееме да ја пропуштиме можноста добро да се изнасмееме, да уживаме во нивниот нов материјал и секако пред новогодишно да се опуштиме.
Билетите можат да се најдат во музичката продавница „ЗЗ Топ“ по цена од 150 денари, а на самиот влез ќе чинат 200 денари.
Александар Ивановски