Од „ала франга“ до современа мода во Музејот на македонската борба

Организатор на ревијата  е Музејот на Куманово во соработка со Музејот на македонската борба  –  Скопје.

muzej na vmro - makedonska borba

На 6 ноември (четврток), со почеток во 19.00 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба,  ќе се одржи модна ревија под наслов Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“  до современа  мода.

Преку фотографии и оригинални примероци ќе биде презентирана  облеката  кај старите кумановски семејства  од почетокот на 20.  век,  а  настанот  ќе продолжи со модели од современи модни креатори кои се инспирирале од  европската мода „ала франга“  од овој период.  Публиката ќе може да  ги види креациите на  Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ. Дел од модната ревија ќе биде и концертот на квартетот флејти Аулос.

Ревијата Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода се одржува во рамки на одбележувањето на десетгодишнината од Форумот на словенски култури – организација  чија цел е  промоција  на  науката, уметноста и  културата на словенските земји во Европа.

You May Also Like