Прв Фестивал на францускиот филм во Битола

Почнувајќи од вчера вечер, па се до среда, 21 март во организација на Француската алијанса од Битола, Францускиот институт од Скопје и НУ Центар за култура, во Битола ќе се одржи првиот Фестивал на францускиот филм.

Во големата сала на Центарот за култура ќе бидат емитувани 11 проекции на шест оригинални француски филмови кои ја претставуваат разноликоста на француското кино во последните две години.

– За прв пат ќе се одржи фестивал кој ги спојува трите главни карактеристики на Битола, градот на фестивалите, киното и франкофонијата. Убедени сме во успехот на овој прв Фестивал на францускиот филм и очекуваме голема посетеност во наредните денови – соопштија организаторите на овој меѓународен културен настан кој започна синоќа во 20:00 часот, а го отвори амбасадорот на Франција Жан Клод Шлумберже.

Во текот на вчерашниот ден амбасадорот Шлумберже ќе ја промовира книгата „Амбасади“ од авторот Луан Старова, универзитетски професор и дипломат, но и истакнат раскажувач, романсиер и поет, кој пишува на македонски, албански и француски јазик.

You May Also Like