Првиот жител на Скопје во 2012 година е девојче

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово (недела, 01.01.2011 година) на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар, го посети првото бебе што се роди во Скопје во Новата 2012 година.

Тој, заедно со Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ја посетија мајката во Клиничкиот центар. Првото новороденче е женско, и и’ донесе неизмерна радост на мајката Ружица Јовановска. Бебето на свет дојде во 1:15 часот по полноќ, долго е 52 сантиметри, а тешко 3 килограми и 640 грама.

– Во 2011 година, исто како и во 2012 година, првороденото бебе беше женско и имавме плодна и бериќетна година, се надевам дека 2012 година ќе биде уште поуспешна, изјави Градоначалникот Трајановски.

На среќната мајка и на првото бебе градоначалникот Трајановски им подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци. Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2012 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа и успеси.

 

You May Also Like