Портрет на струшкиот лауреат Сероте

Во катедралната црква Св.Софија синоќа (сабота, 25 август 2012) се одржа портрет на годинешниот венцоносец,  јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте.

 

На свеченоста присуствуваше претседателот на  македонија, Ѓорѓе Иванов, бројни академици, професори, дипломати иљубители на поетската реч. За поетската фигура на лауреатот на 51то издание на Струшките вечери на поезијата, неговата естетика и поетски универзуми говореше Иван Џепароски.

„Изиминативе години Струшките вечери станаа синоним за врв во поезијата, центар во кој уметноста на рецитирање е несекојдневна дарба и возбудлива глетка која останува вечно врежана како најдраг спомен. Сероте е 47. добитник на највисокото признание на фестивалот кое се состои од филигрански изработен лавров венец. Ја имам честа вечерва да проговорам за  неговото творештво, во чија поезија доминира револтот од апартхејдот, а воедно  неговите стихови се  издигнуваат  и раскрилуваат над цел свет, повикувајки на мир и среќа за сите. Размилсувајки,открив дека овој поет има песни кои се слични со песните на охридскиот поет Коста Абраш кој  како што вели самиот чувствува гнев од неправдите и угнетувањето кое го чувствува  на своја кожа. И на крај тој бестрашно извикува, следејќи ја теоријата на мулткикултурализмот да го  откриваме другиот зашто така се  ние се спознаваме себеси- рече Џепароски.

До присутните се обрати и лауреатот Сероте кој прочита 3 свои песни со универзална и космополитска порака, изразувајќи ја својата поетска воздишка од Македонија.

„Бев пресреќен кога го прочитав мејлот дека сум годинашен добитник на ова високо признание. Јас и жена ми поминавме половина година во истражување за вашата земја, навистина сме восхитени од сите природни убавини кои ги поседува. Овде е дефитивно рајот на земјата, но не многу одамна Македонците искусиле ропство  и угнетување, бесмилосна  тиранија на своја кожа, исто како и мојот народ. Ние ја делиме истата болка, но добро е што лугето ги поврзуваат нивните страданија и длабоки лузни“ – истакна Вали Сероте во своето обраќање.

Јазикот на музиката е верен сопатник на поезијата, ја следи до вечноста и назад. Публиката во Св.Софија,  симболот на исконскиот град го имаше задоволството да ужива во магичните звуци на триото „Интерарт“.

Синоќа се случи духовно поврзување, создавање на уште еден мост, овојпат помеѓу Македонија и југот на Африка, а денеска поврзувањето ќе продолжи со традиционалната манифестација „Мостови на Струга“.

Ивана Чичоска

You May Also Like