Половина милион бели рози за Скопје

Кампањата „Скопје градот на белите рози“ ја спроведуваат Градот и скопските општини, а со цел за засадување на ова растение во што поголем број во жардиниерите низ метрополата.

 

Акцијата почна пред десетина дена, а ќе трае во следните 4 до 5 години. Носителите на кампањата најавија засадување на половина милион бели рози на јавните зелени површини. Убедени се дека така градот ќе стане попријатен за дишење и за живеење.

Зошто токму белите рози, кога ги има во разновидни бои? Одговор на ова прашање даде заменик-министерот за животна средина Соња Лепиткова. Нивната студија за присуство на олово и други тешки метали во животната средина на општина Kарпош, а потоа проширена и во другите делови на градот, покажала оти токму белите рози-ползавци најмногу апсорбираат олово и кадмиум од воздухот и од почвата.

Годинава се обезбедени 25.000 рози од бизнис-секторот и 20.000 од Градот, кои ќе се засадуваат постепено во наредниот период, а за следната, 2014 година, градските власти ветија дека ќе обезбедат уште поголема количина.

You May Also Like