Денеска (петок, 30 мај 2014 година) во холот на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје со почеток во 12:00 часот ќе бидат доделени наградите на најдобрите ученици на натпреварите по македонски јазик и литература.
Станува збор за организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, кој традиционално, секоја година ги организираат државните натпревари по македонски јазик и литература за основно и за средно образование.
Покрај прогласувањето на најдобрите, ќе биде доделена наградата Ацо Караманов за најдобар есеј, но ќе има и кратка пригодна програма подготвена од ученици од неколку училишта.