Поетскиот караван на ДПМ продолжува во Битола

Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Битола.

book_at_sky (copy)

 

На 14 септември, пред манастирот Св.Ѓорѓија во селото Паралово, општина Новаци, ќе настапат поетите Живко Новески, Кире Неделковски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Зоран Пејкоски, Весна Мундишевска, Радован П. Цветковски, Елизабета Јончиќ, Андрија Дојчиновски, Мирјана Стојановска, Билјана Т. Димко, Никола Илијоски, Милица Димитриовска Радевска и Панде Манојлов.
Во карванот на ДПМ, до крајот на годината, ќе учествуваат шеесет поети во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите.
Карванот започна на 22 јуни во Дебар, потоа се одржа во Охрид, Прилеп и Штип, а сега, преку Битола, ќе продолжи низ уште неколку градови од земјата, меѓу кои, Велес, Куманово, Гостивар, Неготино, Струмица и Виница. Средбите со љубителите на пишаниот збор, се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.

You May Also Like