Оваа недела на репертоарот на Синеплекс се наоѓаат три нови наслови.
Од денеска (30 октомври, четврток) публиката премиерно ќе може да ги проследи филмовите „Погрешен прозорец“, „Сага за Викинзите“ и „Рогови“.
Последниот трилер на режисерот Начо Вигалондо „Погрешен прозорец“ (Open Windows), во кој глумат Елајџа Вуд и Саша Греј, домашната публика ќе може да го гледа од 30 октомври во киното Cineplexx. Во фокус на филмот се интернетот и модерните технологии, односно опасностите што демнат од модерните медиуми.
Славниот шпански режисер Вигалондо за филмот го вели следново: „Во време на брз
напредок на технологијата и комуникациите, се чини дека премалку водиме сметка за личната безбедност во интернет комуникација, се чувствуваме спокојно и заштитено, често не размислувајќи кој се наоѓа од другата страна на жицата“. Вигалондо воведе и една иновација во филмот, а тој новитет се однесува на снимањето делови од филмот со веб камери.
Неверојатна борба за преживување на бурно море, реалистични херои и разработени
негативци, историски точна репродукција на костими и оружје и немилосрден вовед на животот од 9ти век се спакувани во оквир на денешната кинематографија. Продуцентот Ралф С. Детрих за филмот „Сага за викинзите: воините од север“ изјавува дека всушност горе наведено недостасува во авантуристичките филмови за Викинзите: „Сакав да снимам филм за Викинзите и тоа не само филм, туку голем филм. Викинзите имаат многу обожаватели, а кога списанието Шпигел на насловната страна објави приказна за нив, знаев дека ова е вистинското време.“
Во четврток ни пристига и филмот „Рогови“, фантастичен хорор снимен според бестселерот на Џо Хил. Главниот протагонист е млад дечко од Периш на кој по смртта на неговата девојка, почнуваат да му растат рогови. Во малиот град во кој што живее, оваа појава дополнително го стигматизира и го претвора во главен виновник за смртта на девојката, па тој ќе мора да ги искористи супермоќите кои што роговите му ги даваат за да го пронајде вистинскиот убиец.
