Екипи на Град Скопје, за да го подобрат осветлувањето во првиот дел на Градски парк, деновиве поставија дополнителни столбови и светилки за јавно осветлување.
Поставени се 27 нови метални декоративни столбови со висина од 5 метри, на коишто се монтирни светилки од 70W. За да се унифицира изгледот и типот на столбови и светилки во одредени делови на паркот, извршена е и дислокација на 10 постојни столбови со светилки. За поврзување на светилките поставен е кабел во должина од 1053 метри.
Во рамките на оваа активност поставени се и 7 рефлектори со метал халогени извори на светлост од 50W за осветлување на фонатаната Хептагон. Заради фактот што овие светилки се постојано изложени на влага, а со цел безбеднo да работат и да не претставуваат опасност за корисниците, поставени се и два трансформатори 220/12V од по 500VA.