Најнов број на меѓународното научно списание „Книжевна Академија“ со осум автори со девет свои стручни и научни текстови …
Излезе од печат најновиот број на меѓународното научно списание „Книжевна Академија“ во кое се застапени осум автори со девет свои стручни и научни текстови, проф.д-р Благица Петковска, м-р Славчо Ковилоски, проф.д-р Луси Караниколова-Чочоровска, проф.д-р Зоран Ѓериќ (Нови Сад), проф.д-р Ранко Младеноски, проф.д-р Борислав Павловски (Загреб), доц. д-р Христо Петрески и проф.д-р Радомир Виденовиќ (Ниш).
Благица Петковска прави јазично-стилистичка анализа на циклусот песни „Меѓу дрвјата“ од Блаже Конески, Славчо Ковилоски се осврнува на македонската патописна литература во деветнаесеттиот век, а Луси Караниколова – Чочоровска пишува за категоријата простор во поезијата на Христо Ботев. Зоран Ѓериќ го коментира националниот идентитет на српските и хрватските писатели помеѓу двете светски војни, Ранко Младеноски ги третира историските и книжевните заблуди за античкиот свет, а Борислав Павловски прави компаративна анализа на еристките романи од Боривој Радаковиќ и Јован Павловски. Христо Петрески објавува прилог за високото образование како вектор на мирот, но и за македонската хаику поезија, а Радомир Виденовиќ ги разгледува дострелите на јазикот.