Светски познатиот тенор Андреа Бочели на 31 август ќе одржи концерт во Софија на стадионот „Бугарска армија“.
Според најавите на организаторот на концертот, Бочели во Софија ќе пристигне заедно со сопругата Вероника и неговата двегодишна ќерка Вирџинија. Сопругата на пејачката ѕвезда е и негов менаџер.
Луѓе од екипата на Бочели веќе пристигнаа во Софија за да изберат соодветен стан за ѕвездата и неговото семејство, кој треба да има пространа спална и голема просторија за млата Вирџинија.
Опремата за концертот на италијанскиот тенор тежи повеќе од 150 тони и ќе биде донесена во Софија со 20 камиони.
На концертот на Бочели предвиднео е да настапат и оркестар во Бугарија со 70 члена, како и 60-тина бугарски пејачи.