Вечерва на програмата на Бит Фест е концертот на во дворот на Културниот центар Магаза на Пламенка Трајковска секстет, насловен како “Концерт во црвено” …
Во рамките на манифестацијата “Бит Фест” на 6 јули (недела) во дворот на Културниот центар Магаза со почеток во 21:30 часот, ќе се реализира концерт со наслов “Концерт во црвено”. Пред настапот на плоштадот Магнолија во 20:00 часот ќе биде изведен флеш моб.
На концертот ке настапи Пламенка Трајковска – секстет, во состав Пламенка Трајковска – виолина, Наташа Диденко – виолина, Сања Смилеска – виола, Александра Петковска – виолончело, Тони Пецанов – бандонеон и Ајхан Коборд- пијано.
КОНЦЕРТОТ ВО ЦРВЕНО ги опфака различните видови на танци кои се изведувале во минатото и кои биле интерпретирани од музичари во прекрасните балски сали во замоците на аристократските семејства.
Посебен дел од концертот е интерпретација на танго композиции со посебен осврт на композициите на најпознатиот композитор на тангото Астор Пјацола.
Програма:
- MINUET – L Boccerini
- BADINERIE – J.S. Bach
- HABANERA – G. Bizet
- VALS – J. Ivanovic
- TANGUEDIA – A. Piazzolla
- VUELVO AL SUR – A. Piazzolla
- BIYUYA – A. Piazzolla
- FEAR – A. Piazzolla
- OBLIVION – A. Piazzolla
- ADIOS NONINO – A. Piazzolla
- TANGO FROM ,,SCENT OF A WOMAN,, A. Piazzolla
- LIBERTANGO – A. Piazzolla