Детска ликовна работилница во Аеродром

Детска ликовна работилница, на која ќе учествуваат ученици од неколку основни училишта од скопската општина Аеродром, ќе биде одржана во следниве два викенда во Капитол мол во Скопје.

paleta

Првиот дел од работилницата е на 1 и 2 февруари, додека вториот е планиран за 8 и 9 февруари. Работилницата ќе се одржува по два часа дневно, од 12,00 до 14,00 часот. Ќе ја води академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски, а е во соработка со Просветно дело.

Цртежите што ќе бидат изработени ќе бидат изложувани во Капитол мол. Секој заинтересиран посетител ќе може да откупи некој од изложените цртежи по доброволно изразена цена и средствата веднаш да ги донира на специјално поставените каси за донација на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

На работлница ќе учествуваат вкупно 250 деца од основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“ , „Блаже Конески“ и „Лазо Ангеловски“. Тие на хартија ќе ги пренесат импресиите од зимскиот распуст.

You May Also Like