Романот „Нишан“ од Блаже Миневски влезе во конкуренција за престижната светска книжевна награда „Импак Даблин’“, која секоја година се доделува за роман објавен или преведен на англиски јазик.
Македонскиот бестселер, добитник на сите книжевни награди во Македонија за 2008 година, влезе во трка за наградата заедно со новите романи на Мураками, Умберто Еко, Џулијан Барнс, Ричард Зимлер, Мишел Ондатје, Андреј Милер, Алан Холинхарст, Гонзало Таверес, Дејвид Лоџ, Андријана Лисбоа…
Англискиот превод на „Нишан“ е на Милан Дамјановски, а за International IMPAC Dublin Literary беше номиниран од Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ од Скопје.