Младите и студентите заеднички организираат „Недела на идеи“ во Штип

Советот на млади на општина Штип и Студентскиот парламент при универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за првпат организираат „Недела на идеи“.

UGD_logoПретседателката на Советот на млади на општина Штип, Сања Стефанова вели дека младите и студенти кои студираат во Штип можат да дадат свои идеи за реализација на проекти, а кутиите за собирање на идеите се поставени во општинската зграда, Здравствениот дом и во сите Кампуси на штипскиот универзитет.

– Се надевам дека сите млади и наши сограѓани ќе ја прифатат оваа активност и ќе споделат со нас и сакам да напоменам дека сите нивни идеи и предлози ќе бидат почитувани и вреднувани, а исто така ако сакаат можат да оставата свои податоци за контакт, а подоцна ќе ги исконтактираме и ќе ги повикаме за реализација на истиот проект, вели Стефанова.

Претседателот на Студентскиот праламент при УГД-Штип, Горан Стаменков вели дека проектот „Недела на идеи“ го подржуваат, бидејќи токму младите и студентите се движечката сила која може да придонесе во предлагање, но и реализација на идеите. Според него најголема идеја за реализација за студентите е изградбата на Студентскиот дом во Штип.

You May Also Like