Одржан традиционалниот „Спортски бон-тон“

Претседателот Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски Бон-Тон“, што се одржа во Велес и со која се означи почетокот на неколкумесечниот проект.

fudbal_topka
Целта на проектот е да се промовира Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи.

Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)“ чиј покровител е претседателот Иванов, ќе се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.

– Целта е јасна, децата да се научат да спортуваат, да се запознаваат едни со други, да се дружат, да комуницираат, да се почитуваат, да имаат разбирање за различноста која што постои во нашата држава. Преку традиционалните игри всушност децата ги учат вредностите кои што сме ги имале и ние и нашите родители, кои што биле наше секојдневие, а денес поради модерниот начин на живот се подзаборавени, рече претседателот Иванов.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави по трет пат ја поддржува манифестацијата

„Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)“, што освен Велес, ги опфаќа и општините Охрид, Карпош, Маврово-Ростуше, Свети Николе и Ново село.

– Ова ќе биде возбудлив период за сите учесници. Спортувајќи децата постојано ќе се дружат меѓусебе, рече американскиот амбасадор, Пол Волерси посакувајќи им на учесниците забава и многу успех.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев рече дека е задоволство за повозрасните да се потсетат на она што некогаш било дел од нивното детство, игри, начин на забава и рекреација. Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон) беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.

You May Also Like