Во Центарот за култура во Дебар одржано е петтото издание на детскиот фестивал „Радика фест 2014“.
На фестивалот настапија деца од Дебар, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Струга и Охрид, кои изведоа 19 авторски композиции.
– Презадоволен сум, како од певливите рефрени на авторските композиции, самите изведувачи и хорчето на фестивалот, продукцијата на звукот на композициите, како и големиот интерес за фестивалот, изјави директорот на фестивалот, Зинче Мимидиноски. Тој изрази благодарност за финансиската поддршка на Министерството за култура, на општината Дебар, како и за големата поддршка на Центарот за култура Дебар каде е и самото седиштето на фестивалот. Стручното жири на фестивалот додели пет награди за најдобра изведба, за најдобар сценски настап, како и за посебен придонес за фестивалот и детското творештво.