Агенцијата Баги Комуникации во партнерство со Skopje City Mall се приклучуваат кон светската прослава на Меѓународниот ден на Џез музиката кој се прославува на 30 април, традиционално, трета година по ред. Инаку, прославата е под покровителство на Унеско и е со цел да се потенцира џезот и неговата дипломатска улога во обединување на луѓето од сите делови на светот.
Концертот ќе се одржи на отворено, пред Skopje City Mall, ќе биде бесплатен за посетителите и ќе започне во 18 часот. На концертот ќе настапат Kabadayas – најпознатиот македонски fusion состав, Oscar Salas Trio – џез трио предводено од познатиот кубански перкусионист (David Byrne; Jaco Pastorius; Arthur Barron), Марија Џез Трио – џез трио предводено од најпознатата македонска Џез вокалистка, Дуо Бојковски
– дуо на македонски акустични гитаристи и Marga Sol ] познатата македонска музичарка и DJ.
На концертот ќе биде емитувана видео пораката на Херби Хенкок, Амбасадорот на добра волја за интеркултурен дијалиг во Унеско.