Одбележување на Денот на полонистиката во Македонија

По повод 55 години од полонистиката во Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Амбасадата на Република Полска во РМ организираат свечено отворање на настанот „Ден на полскиот јазик и полската култура“.

den_na_polskata_kultura

Настанот ќе се одржи на 10 ноември 2014 година (понеделник) од 11:30, во тркалезната сала на УКИМ.

Во рамките на настанот предвидени се и следните активности:
– дебата на тема „Полонистиката во Македонија, полскиот јазик во светот: трендови и перспективи“ (12:30-15:30, тркалезна сала, Ректорат);
– отворено предавање за студенти на тема За 60 минути околу Полска, прв час по полски јазик (13:00-15:30, Сала за седници, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје); и
– концерт на групата Жешов Клезмер Бенд (16:00, Аула, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје).

You May Also Like