Само неколку недели откако целиот свет дозна за младиот талентиран охриѓанец Огнен Трпески, тој веќе гостуваше во повеќе од 100 емисии на ТВ и радио низ Америка. Неговиот талент беше откриен на натпреварот за кампањата против глад која се организираше на светско ниво а неговиот дизајн го има на илјадници производи во маркетите низ Америка.
Овој пат се работи за избор на најдобар дизајн за потребите на тинејџ поп ѕвездата Miley Cyrus. Најдобриот дизајн кој ќе победи на изборот, ќе биде испечатен на неколку милиони дуксери кои ќе бидат дистрибуирани по бутиците низ целиот свет со кои поп дивата има склучено договор за ексклузивна продажба.
Македонија е мала држава но со големо срце, затоа не се сомневам дека моите македонци ќе го дадат својот глас за да ми помогнат да победам на овој избор. Гласањето е преку интернет, се што треба е да имате фејсбук или твитер профил, да го отворите линкот http://tlnt.at/U0Brwz и да кликнете на копчето VOTE од десната страна. На линкот го имате мојот дизајн, се надевам дека ќе ви се допадне. Ако победам, ветувам дека лично ќе дадам напори да се дистрибуира и во Македонија, вели младиот дизајнер Огнен Трпески.
Во моментов Огнен Трпески се наоѓа на првото место во силна конкуренција, но ако сакаме нашето македонче уште еднаш да го обиколи светот тогаш несебично треба да му го дадеме нашиот глас! Гласањето трае до среда (7-ми ноември) до 23:59 часот.