Денеска (четврток, 10 јули) во 21:00 часот во Галеријата на Тутунска банка ќе биде отворена изложба на слики „Огледало на душата“ на Лилјана Митевска. Изложбата е дел од Скопско лето.
Лилјана Митевска е родена во Битола, а живее и работи во Скопје. Своите афинитети кон сликањето ги пројавува уште од најраната младост, а посериозно се занимава со сликартсво паралелно со својот професионален ангажман на полето на правото од 1974 година.
Во својот сликарски опус негува повеќе форми на изразување во акварелна, темперна и акрилна техника од мал до голем формат на хартија и платно.
Лилјана Митевска е учесник на повеќе групни изложби а има остварено 10 самостоји изложби и тоа
– Галерија Стоби – Скопје 1996 год.
– Галерија Уранија – Охрид 1997 год.
– Галерија Аеро – Скопје 2002 год.
– Галерија Уранија – Охрид 2004 год.
– Галерија КО-РА – Скопје 2005 год.
– Галерија Керимова куќа – Крџали, Бигарија 2011 год.
– Галерија Грал – Скопје 2012 год.
– Галерија Магаза – Битфест, Битола 2013 год.
– Дом на култура – Охрид 2013 год
– Галерија Керимова куќа – Еуро Екофест Крџали, Бугарија 2013 год