Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (петок, 22.6.2012 година) во 10:00 часот во Спомен куќата на Мајка Тереза, свечено ќе ги додели новите девет решенија за национални пензии за придонес во културата, согласно измените во Законот за култура.
Со овој Закон, почнувајќи од 1.1.2012 година, се отвори можноста уметниците и другите стручни работници од областа на заштитата на културното наследство, кои се добитници на наградите „11 Октомври“, „Св.Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело, да имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија.
Додатокот на пензијата е потврда на грижата за уметничките вредности на делата создавани од македонските културни творци кои овозможија нашата земја да биде дел од светската културна ризница.