Николас Кејџ во бруталната драма „Џо“

Бруталната драма на Дејвид Гордон Грин насловена „Џо“ каде Николас Кејџ толкува улога на поранешен затвореник кој станува пример за едно дете бездомник  во нашите кина доаѓа од 15 мај. „Џо“ е филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година, а во филмот покрај Кејџ, глумат и Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс.

Dzo 1

Поранешниот затвореник Џо Ренсом (Николас Кејџ) настојува да избегнува неволји по секоја цена, но во тоа не успева. Човек кој непоправливо несовесно се однесува кон жените и своето куче. Секојдневно се опива, се брка со полицијата и се коцка. Меѓутоа, го запознава момчето Гари, во кого гледа нешто посебно: решителност, пристојност и неверојатна отпорност. Гари никогаш не живеел како останатите негови врсници – не одел во училиште, секогаш морал да се грижи за своето семејство, да ја чува сестра му од татко им кој е алкохоличар и да се надева на подобра иднина.

Кога Гари ќе дојде во ситуација да не може да се носи со заканата која го снаоѓа, му се обраќа на Џо за помош, што ќе поттикне лавина неизбежни случувања. Заедно, двајцата се соочуваат со многу искушенија во мочуриштето Мисисипи…

Филмот „Џо“ премиерно е прикажан на Венецискиот филмски фестивал во 2013 година.

You May Also Like