Никола Маџиров дел од поетски фестивал во Израел

Никола Маџиров учествува на фестивал, на која покрај него учествуваат и поети од Израел, Шпанија, САД, Ирак, Турција, Чешка, Србија, Албанија …

Се работи за 12-тото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Шаар“, кој се одржува во израелскиот град Хаифа, од 13 до 16 декември. Учествуваат поети од Израел, Шпанија, САД, Ирак, Турција, Чешка, Србија, а учесник од Албанија е Исмаил Кадаре. Песните на Маџиров ќе се читаат на македонски и на хебрејски јазик. Освен во антологијата на фестивалот, песни на хебрејски се објавени и во најновиот број на израелското списание „Дака“ во Тел Авив.

Никола Маџиров во Израел пристигнал по учеството на Меѓународниот поетски фестивал „Кибатек“, кој триесетти пат се одржа во турскиот град Измир, со учество на поети од Турција, Азербејџан, Киргистан, Германија, Хрватска, Казахстан …

You May Also Like