Најновиот бизарен тренд на Интернет – Селотејп селфи

Интернет трендовите се менуваат веќе на дневна основа, а будалаштините кои се прават само за да се привлече внимание, немаат граници. Видете кој е последниот тренд на социјалните мрежи …

sellotape-selfie

Во истата недела во која селфи фотографиите без шминка со голема брзина се проширија на Интернет, приматот во популарноста од нив го преземаа селфи на лица излепени со селотејп, така наречениот „селофи“, што уште еднаш ја покажува брзината со која трендовите на Интернет се менуваат.

Твитер и Фејсбук се преполни со фотографии на глави „храбро“ излепени со леплива лента, при што не се избегнуваат ниту чувствителните места, како што се очи и веѓи.

Акцијата „Селфи без шминка“ оствари вреден резултат, и за само 24 часа успеа да собере еден милион фунти за истражување на ракот во Велика Британија.

Наспроти тоа, селфи фотографиите со селотејп немаат друга цел освен да покажат колку селотејпот може да го изобличи лицето и да го направи непрепознатливо. Оние кои не се плашат своето лице да го тормозат на овој начин, успеваат својот лик да го претворат во нешто што потсетува на зомби или некое друго чудовиште од филмовите.

sello-selfie-2

sello selfie 1

You May Also Like