УГД донесе одлука за добитиците на трите награди од Конкурсот за најдобра фотографија што беше објавен на почетокот од ноември.
Одлучено е првото место и наградата од 5.000 денари да му припаднат на Мартин Димитриевски од Скопје, второто место и наградата од 3.000 денари се за Елена Бошковска од Скопје и третото место го доби Јована Велинова од Штип. Овојпат Комисијата, поради големата конкуренција и одличните фотографии кои пристигнаа на овој Конкурс, одлучи да му додели пофалница на Борјан Петрески од Скопје.
Центарот за односи со јавноста и Универзитетот „Гоце Делчев“ им се заблагодаруваат на сите учесници во овој Конкурс и ги охрабруваат да учествуваат и на следните конкурси кои ќе бидат објавувани на различни теми. Темата за овогодишниот Конкурс беше „Современо студирање“ и аплицираа 24 кандидати со повеќе од 100 фотографии.