Француско-австрискиот центар, Центарот за политички истражувања, Амбасадата на Австрија, Европското движење во Македонија, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје го организираат меѓународниот научен собир насловен „Европски идентитет и иднина на Балканот“.
Собирот ќе се одржи денеска (понеделник, 19 мај 2014) од 9:30 часот до 17:30 часот, во хотелот „Арка“.
На настанот со свои излагања ќе дадат високи интелектуалци од регионот и од Европа, специјалисти за европски прашања, како и Никола Попоски, Министер за наворешни работи на РМ.
Во рамките на настанот, ќе се одржат три тркалезни маси на следните теми:
· Европа и помирувањето;
· Ќе помогне ли Европа во надминување на конфликтите?
· Постои ли друг идентитет за Балканот освен европскиот?