Започнува конференцијата „Млади и медиуми – еОпштество“

Денеска и утре (7 и 8 февруари), со почеток во 11:00 часот во МКЦ ќе се одржи 9-та меѓународната конференција „Млади и медиуми“ која е во организација на Фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум.

mladi_i_mediumi_eOpstestvo

е-Општество: Млади и медиуми е дводневна конференција во организација на фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум (МОФ) која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата. Конференцијата е отворен, креативен и интерактивен простор што нуди информации и овозможува дискусија, разни активности и вмрежување. е-Општество: Млади и медиуми ги предизвикува традиционалните гледишта на младите и медиумите и има цел да понуди знаење и инспирација за сите учесници.

Водечки експерти и активисти од 14 земји се структурата на е-Општество: Млади и медиуми: 20 говорници, 10 интерактивни работилници, 2 панел дискусии со 10 гости, 4 филмски проекции и 5 реномирани ДЈи овозможуваат дводневна агенда за секој млад човек, активист, новинар и граѓанин.

На конференцијата ќе се претстават и резултатите од неколкумесечното истражување за младите и медиумите во 11 земји од Југоисточна Европа.

You May Also Like