МОТ: Мастер клас и гостувања од Белгија и Косово

Денеска (понеделник, 22 септември) на програмата на 39-то издание на Младиот отворен театар се гостувањата на Театарот Тант амати од Белгија и Лабораторискиот театар Лоја од Косово, како и мастер клас со Рисима Рисимкин.

loya_theatre_laboratory_kosovo

Денешната програма ја отвораат гостите од Белгија – Тант амати/Tant’amati , АБЛС, Брисел, Белгија во 20:00 часот во Драмскиот театар. Кореографи и играат: Eрика Зуенели

Во мал семеен свет, откриваме, двајца, маж и жена. Тие седат на иста маса, се будат од свирежот на истиот чајник, легнуваат на истата софа. Тант амати го обработува тоа што ги оддалечува душите, телата и животите на луѓето до точка на отуѓување, и тоа со употреба на повторувањето како средство, кое е обработено со огромна префинетост. И покрај тоа што брачниот живот бил инспирација за создавање бројни претстави, тоа што го нуди Ерика Зунели во своето дело, се карактеризира со забележлива суптилност, најмногу зашто таа повеќе се осврнува кон распаѓањето на битието, отколку кон личното злосторство, и сето тоа преку анализа на ритамот на секојдневието.

22.09.2014 22:00 ч. МКЦ

Трговците
Лабораторискиот театар Лоја, Приштина, Косово
Според оргиналната драма насловена како „Во самотијата на памучните полиња“
Режисер, сценограф и костимограф Беким Луми

Трговците е театарска претстава, според текстот “Во самотијата на памучните полиња” од познатиот современ француски автор Бернар-Мари Колтес (1948-1908), поставена од режисерот Беким Луми и четири млади актери во Лабораторискиот театар Лоја, за време на една година истражување и креативност (март 2012 – мај 2013). Создадена според еден од најубавите и најпоетични текстови на овој автор, и воопшто, од целата светска драматургија на 20. век, оваа претстава ѝ се прикажува на публиката (за првпат на албански јазик) во форма на експериментална-лабораториска креација, со која, на тематско ниво, се проучува феноменот на правењето зделки, или привлечноста и одбивноста на биполарноста помеѓу „продавачот” (трговец) и „купувачот” (клиент) – трескавична и магнетска врска врз основа на која нашиот универзум е создаден, дише и фунционира. Како таква, Трговците е сценска метафора за правењето зделки, кое во својата отворена или прикриена форма било и продолжува да биде еден од идентификациските знаци на мафијашкото подземје и неизлечива “болест” за човекот и светот.

22, 23, 24. 09. 2014
Презентација 24.09.2013 13ч. сцена Зебра
Тело и ум
Мастер клас со проф. Рисима Рисимкин
Работилницата ќе се базира на истражување на врската помеѓу телото, неговите можности и умот. Колку свесно можеме да влеземе во движењето? Кое движење е умствено? Дали воопшто постои такво?

You May Also Like