Пасворд продукција најавуваат дека на 16 мај амбасадорот на денс музиката Роџер санчез доаѓа во Скопје, со „Release Yourself“ забавата koja ќе се одржи на Скопско лизгалиште.
Од пасворд јавуваат: „Подвигот „Release Yourself“ вечерта кај нас да биде „опен-аир“ забава сигурни сме дека дополнително ќе ги израдува сите фанови на маестралниот Роџер Санчез и добрата журка! Топлото време, отвореното ѕвездено небо, мистично осветлениот крст на Водно и енергичните хаус сетови се синоним само за добра забава и одличен провод. И додека со нестрпливост ја чекаме летната сезона, најдобар начин за отворање на истата е токму одличната можност за дружење со пријателите и бројните следбеници здружени на исто место во име на добрата и незаборавна забава. Aко Роџер Санчез минатата година успеа да ја сруши посетеноста на „Грин Бич“ фестивалот со повеќе од 10.000 фанови, во оваа прилика веруваме дека сензационалниот РОЏЕР САНЧЕЗ загарантирано вечерта на 16. мај на Скопско лизгалиште ќе нè натера долго да ја паметиме како најдобрата журка пo априлските пости и вонредни избори.
Во организација на Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертеинмент, на сензационалната вечер на 16. Мај на Скопското лизгалиште, еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена Роџер Санчез ќе ја претстави својата нова музика, препознатливите секси-вокали и адреналински ритми со голема „Release Yourself“ забава.“