Во рамки на традиционалните Денови на македонската култура и литература во Торонто, вчера беше прикажан играно-документарниот филм „Дисидент“ по сценарио и режија на Петар Џуровски, во продукција на „Лавиринт продукција“.
Манифестацијата, посветена на големото дело на светите браќа Кирил и Методиј, ја организираа Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто и Друштвото на писатели „Браќа Миладиновци“. Конзулатот соопшти дека филмот привлекол големо внимание кај македонската дијаспора.
– Овој филм претставува реконструкција на настаните кои се случувале во минатото и ги разоткрива табу-темите за ликот и делото на Драган Богдановски, еден од најпознатите македонски емигранти, борци за човековите права и правата на македонскиот народ, истакна пред промоцијата Драган Ѓурчевски, генерален конзул на Република Македонија во Торонто.