“Мала Нобелова награда” за академик Ристо Василевски

Мала Нобелова награда во рацете на македонскиот академик Ристо Василевски …

risto vasilevski

Mакедонскиoт поет, академик Ристо Василевски, е меѓу добитниците на годинашната Мала Нобелова награда што ја доделуваат градот Ижевск и Меѓународната академија за книжевност и уметност на Удмутрија.

Како што пишува во одлуката, наградата на Василевски му е доделена „за книгите поезија објавени во многу земји во светот, промовирајќи го величието на човечкиот дух и на човечките вредности”.

Одлуката за доделување на Наградата е проследена со обемна биографска белешка и со избор од поезијата на Василевски кој го состави и од македонски на руски јазик го преведе поетесата Олга Панкина.

Другите лауреати на Малиот Нобел се Атанас Ванчев де Траси (Франција), Тетјана и Сергеј Дзуба (Украина), Азита Кагреман (Шведска), Етон Кељменди (Белгија), Збигњев Владзимеж Фрончек (Полска), Димитар Христов (Бугарија) и Пјотр Захаров и Виктор Шибанов (Удмутрија).

mala nobelova nagrada

 

Ижевск е главен град на Автономна Република Удмутрија која се наоѓа во европскиог дел на Русија. Уште е познат како „град на мајстори за оружје”, во знак на сеќавање на Људвиг Нобел, еден од браќата на прочуената петербуршка династија Нобел (Роберт, Људвиг и Алфред), научник кој речиси цел живот го поминал во Русија и е заслужен за многу значајни откритија и унапредувања во областа на воените орудија, поморското бродарство и во нафтната индустрија….

Мала Нобелова награда за книжевност – Малая Нобеловская премия Будон е востановена како пандан на големата Награда. Имињата на нејзините први добитници беа објавени на 29 април.

You May Also Like