Македонски филмови на фестивал во Поградец

Од вчера (3 септември, 2012) до 9 овој месец, во Поградец, Абанија се одржува второто издание на Balkan Film and Food Festival.

Денеска (вторник, 4 септември, 2012) на фестивалот ќе бидат прикажани македонски филмови, а воедно од страна на фестивалот ќе се организира македонски ручек на кој ќе се служи македонска традиционална храна.

Филмови кои ќе бидат прикажани на второто издание на Balkan Food and Film Festival:

Долгометражен филм:
„Војната заврши“ во режија на Митко Панов

Документарен филм:
„Македонците во Истанбул“ во режија на Елизабета Конеска

Кратки филмови:
„Митот за Сара“ во режија на Саша Станишиќ
„Девојчето со кибритчињата“ во режија на Филип Матевски

Анимиран филм:
„Народен фронт 12“ во режија на Иван Ивановски

Сите филмови кои ќе се прикажуваат на фестивалот се подржани од страна на Филмскиот фонд на Република Македонија

Balkan Food and Film Festival оваа година има богата филмска програма од земјите од регионот, каде покрај со проекциите на филмовите земјите ќе бидат претставени и со традиционални кулинарски специјалитети.

Фестивалот има за цел да прерасне во збирна точна на филмските љубители, љубителите на уметноста, традицијата и културата на балканските народи.

You May Also Like