На 1 март (петок) 2013 година, почеток во 20:00 часот, за прв пат на сцената во Македонската опера и балет, ќе се изведе оперската претстава „Атила“ од Џузепе Верди, со што се одбележуваат и 200 години од раѓањето на композиторот.
Претставата е во копродукција со Народно позориште од Белград – Србија. Операта „Атила“ е во три чина. Нејзината светска премиера е изведена на 17 март 1846 година во театарот Ла Фениче во Венеција.
Диригент на претставата ќе биде Алесандро Д’Агостини од Италија, режија на Дејан Миладиновиќ од Србија, асистент на режија Трајко Јордановски, сценографија на Александар Златовиќ од Србија, костимографија на Миланка Берберовиќ од Србија, кореографијата е на Олга Панго, концерт мајстор Верица Ламбевска, асистент хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓоргеска, корепетитори на претставата Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева и Андреја Наунов.
Во улогата на Атила ќе настапи Иван Томашев (бас) од Србија, Владимир Саздовски, како Ецио ќе настапи Борис Трајанов (баритон), Ристе Велков, Марјан Јованоски, Одабела – Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Oлгица Милевска, Форесто – Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров, Улдино – Дејан Стоев (тенор), Зоран Даскаловски и Леоне – Славчо Димовски (баритон), Диме Петров .
Репризата ќе биде изведена на 5 март (вторник), со почеток во 20>00 часот.