Театарот Сан Карло од Италија гостува во Скопје Театарот ќе се престави пред македонската публика со изведба на концерт/омаж посветен на Енрико Карузо на 9 Октомври 2014 година со почеток во 20:00 часот во Македонскиот народен театар.
Театраот Сан Карло е еден од симболите на Неапол, храм на италијанската опера. Отворен на 4ти Ноември 1737 година, овој театар е најстарата опера во Европа која континуирано работи до денес. Театарот бил отворен од страна на Бурбонскиот крал Чарлс VII од Неапол со операта “ Achille in Sciro” од Пјетро Метастазио.
По пожарот во 1816 и бомбардирањето во Втората Светска Војна, театарот успева да преживее и да застане цврсто на своите темели благодарејќи на Антонио Николини (1816 год) и Питер Францис (1943 год.).
Неаполската школа за опера во овој театар вклучувала оперски претстави од реномирани италијански композитори како Feo, Porpora, Traetta, Piccini, Vinci, Anfossi, Zingarelli и др, и странски композитори како Hasse, Haydn, Bach и Gluck.
Денес, театарот на Сан Карло вклучува опера, танц, музички концерти, балет, театарски претстави. Сезоната за опера е од Јануари до Мај а балетската од Април до ран Јуни.
Ансамблот на музичари на овој театар гостува во Македонскиот Народен Театар како дел од програмата на второто издание на Џифони Македонија со перформанс омаж на еден од најголемите тенори Енрико Карузо.