КУД “Дримкол” ја посетија најголемата винарија Аз Граната, во Агсу – Азербејџан. Со концерт на ансамблот свечено беше пуштена новата линија на вино од калинка, единствено во Кавказкиот регион.
КУД “Дримкол” беше пречекано од првиот човек на винаријата г-дин Вугар Михаилов, познат бизнисмен во Азербејџан кој остана воодушевен од фолклорот на Македонија и изрази желба за посета на Вевчани и Македонија.
Во попладневните часови свечено беа доделени сертификати на сите членови на КУД “Дримкол” од страна на градоначалникот на Аксу на свеченоста која се организираше во Музејот на Агсу каде што предавање за Македонското културно наследство одржа проф. Д-р Рубин Земон, а беа приказани и двата етнолошки филмови: “Раѓање, живот и смрт” на Рубин Земон и “Писание” на Владимир Јаневски.
Организаторот на деновите на Македонското културно наследство, организацијата “Мираз” предводена од проф. Д-р Фариз Халили изрази големо задоволство од реализацијата на оваа манифестација и најавија продлабочување на односите помеѓу двете држави на културен план во иднина.