Критичарите Ристовски и Кузманов на фестивал во Бугарија

Театарските критичари Гоце Ристовски и Тодор Кузманов ќе бидат водители на тркалезната маса на критиката на четвртиот Меѓународен фестивал на камерни театри што во организација на Новата театарска асоцијација НЕТА ќе се одржи од утре до 22 овој месец во Враца, Република Бугарија.

theatar masks (copy)

Ристовски и Кузманов се постојани водители на тркалезната маса на критиката на Меѓународниот театарски фестивал на камерни театри „Ристо Шишков“, што се одржува во Струмица, а биле водители на тркалезната маса на критиката и на меѓународниот театарски фестивал „Јоакиминтерфест“ што се одржува во Крагуевац, Република Србија.

На фестивалот во Враца ќе бидат изведени девет претстави сотеатри од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Романија, Грција, Русија, Косово и Црна Гора.
Едновремено во Враца ќе се одржи и 25-от национален фестивал на мали театарски форми.

You May Also Like