Концерт на хорот при Центарот за култура во Охрид

Вечерва (вторник, 22 мај 2012 година) со почеток во 19:00 часот во Малата сала на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” – Охрид, се организира концерт на Хорот при Центарот за култура.


ПРОГРАМА:
• Ирско збогување – аранжман Маркус Пири
• Месец мај – Клемен Жанекен
• Тебе поем – Стеван Мокранјац
• Кумановка бр 1- Трајко Прокопиев
• Ајде слушај Анџо – Стеван Гајдов
• Ода на радоста – Лудвиг Ван Бетовен
• Три народни песни од Охрид
• Гостинка од Поградец Албанија,
вокален интерпретатор Луиза Марарустеми

Гимназиски хор:
• Во неговата љубов – Марк Патерсон
• Ракатка од песни на Тоше Проески – аранжман
Дамјан Темков

Влезот е слободен.

You May Also Like